ПРИСТОП КЛИПИНГ
ПРИСТОП КЛИПИНГ ДОО Скопје, како пионер во областа на популарно наречениот клипинг сервис во РМ, ги бележи своите почетоци како Оддел за клипинг сервис во рамките на Друштвото за комуникациски менаџмент ПРИСТОП МК ДОО Скопје, од 1997 година. Во август 2008 година, ПРИСТОП КЛИПИНГ ДОО Скопје се одвои како посебен правен субјект од Друштвото за комуникациски менаџмент ПРИСТОП МК ДОО и продолжи со својата успешна работа.
Друштвото употребува напреден софтвер за изработка на прес-клипинг, медиумски анализи и други видови истражувања од палетата на своите услуги. Во рамките на ПРИСТОП КЛИПИНГ функционираат одделите за преведување, анализа, клипинг сервис и продажба.
ПРИСТОП КЛИПИНГ ДОО Скопје е дел од регионална мрежа на клипинг агенции, со седиште во Љубљана, член на FIBEP, светска групација на клипинг агенции.
Искусниот тим успешно се справува со сите предизвици кои се појавуваат на пазарот во поглед на барањата на клиентите. Во тек со светските трендови за развој на прес-клипингот ПРИСТОП КЛИПИНГ е еден чекор понапред во поглед на автоматизација и користење на прес-клипингот како основа за изработка разни видови истражувања и анализи. Тимот вклучува околу 15 луѓе како и неколку надворешни соработници од земјава и регионот.
Со својот тим од млади и квалитетни луѓе, компанијата е подготвена да им излезе во пресрет на своите клиенти и да им помогне во нивното работење.
Во услови на пазарна трка, за една компанија е многу важно да следи што се случува со конкуренцијата, да се следат нејзините стратегии, предностите и слабостите. Исто така, значајно е да се има објективен и прецизен увид во сопствените медиумски активности. Токму за оваа цел служи прес-клипинг услугата која обезбедува систематско следење на сите медиумски информации кои се од интерес за дадена компанија. Со оваа услуга се добива целокупен преглед на медиумските известувања и можност за брза реакција за евентуално негативни вести.
Бидете информирани!

