КОЈ Е ПРИСТОП МК?

Пристоп МК е првата и водечка комуникациска агенција во Македонија, која во својата палета на услуги нуди комплетни комуникациски решенија, консултантски и имплементациски услуги.
Формирана во 1997 година, Агенцијата го вклучуваше првиот клипинг сервис во Македонија, којшто во 2008 година се оддели како посебен ентитет или компанија ќерка - Пристоп Клипинг.

Агенцијата употребува развиени методологии на изработка на комуникациски програми и проекти, како и ПР и маркетинг алатки. Пристоп МК успешно раководи и реализира проекти од областа на односи со јавноста и рекламирањето. Во агенцијата функционираат одделите за работа со клиенти (ПР оддел) и за графички и веб дизајн.

Пристоп МК е дел од интернационалната мрежа на маркетинг агенции Пристоп - со канцеларии во Љубљана, Белград, Сараево, Брисел, Приштина и Скопје. Воедно, Пристоп МК, е дел и од најголемата регионална комуникациска група на маркетинг агенции откако Пристоп Интернационал во 2005 година се поврза со Дигител Kомуникације од Хрватска. Интернационалната помош од мрежата на Пристоп и Дигител, обезбедува поддршка за делот на интернационални проекти во поширокиот регион.

Искусниот менаџерски тим ја претставува основата за секој иден предизвик претставен пред Агенцијата. Агенцијата вклучува и вработува околу 16 луѓе и соработува со повеќе надворешни експерти од различни области.
Со својата експертиза, искуство и професионализам, како и тимот од млади, обучени и квалитетни луѓе, Агенцијата е постојано подготвена да понуди решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат. Тимот на Пристоп МК вклучува профили од различни професии како новинари, лингвисти, маркетинг експерти, познавачи на компјутерски науки и политички науки, како и филозофи и психолози.

Пристоп МК постојано зема учество во добротворни акции, како и спонзорства и донаторски програми, а многу често дава поддршка на културни манифестации и настани.

Пристоп МК е во постојано потрага по предизвик. Проверете дали е така?