ИСТОРИЈАТ НА ПРИСТОП МК

Пристоп МК е основана 1997 година, како дел од Пристоп Комуникации од Љубљана, Словенија.
Агенцијата стартува како клипинг сектор (мониторинг на печатени и електронски медиуми) – прв ваков сервис во Македонија.
Подоцна, Пристоп МК се развива во првата и единствена агенција за односи со јавноста во Македонија.
Компанијата постојано го проширува своето делување на пазарот на комуникациите, како и областа на маркетингот, адвертајзингот, ПР, лобирањето, брендирањето и консултирањето и нуди целосни проекти за комуникација за клиенти од различни области.
Како дел од Пристоп групацијата, Пристоп МК активно соработува со сите канцеларии во земјите од балканските простори, (Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово), како и со канцеларијата во Брисел. Во 2005 година, Пристоп групата се поврза со Дигител Комуникације од Хрватска, и ја прошири својата мрежа со уште повеќе специјализирани комуникациски компании, прераснувајќи во најголема и најразвиена комуникациска група во регионот.
Во 2007 година, Пристоп МК го одбележа своето 10-годишно постоење преку повеќе активности, а како општествено одговорна компанија, во тие рамки, ја реализираше првата „ПР недела“ во рамките на КОМ 5 (пет дневна сесија која се случуваше истовремено во Љубљана, Загреб, Белград, Сараево и Скопје) со работилници и предавања на странски и домашни експерти на различни теми.
Во 2008 година, од Пристоп МК се оделува независната агенција Пристоп Клипинг која во Македонија е клипинг агенција со можност за следење на медиумски објави од земјата и регионот.
Пристоп МК, денес, е агенција за целосни комуникации и во постојан развој на различни полиња. Агенцијата ги нуди своите професионални сервиси за над 100 клиенти од нашата земја и странство.

